Засилени полициски патроли на патарината Романовце
Засилени полициски патроли утринава има на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје, јави известувачот на МИА од терен.
Од МВР за МИА соопштија дека работат согласно оперативниот план по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Состојбата на терен е мирна.Изминатите денови на социјалните мрежи имаше повик до граѓаните да ја блокираат патарината.