АктуелноСпорт

Петта победа по ред на Македонецот Славевски – ќе се бори за шампионски појас

Македонецот Горјан Гого Славевски веќе подолго време се натпреварува во боречки вештини и изминатата ноќ дојде до петтата победа по ред во БКФЦ серијата (бокс со голи раце).

Славевски го нокаутираше Јосденис Чедено од Куба. Стануваше збор за борба која беше елиминаторска со што победникот доби шанса да се бори за титулата во валтер категорија. Тоа значи дека шестиот дуел за Славевски ќе биде борба за престижниот појас.

Со години наназад Славевски живее и тренира во Мајами, а со бокс се занимава од 17 години кога почнал да ја претставува Македонија на регионална сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons