Почувствуван земјотрес во Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 06.1.2023 година, регистрира земјотрес чии епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 51 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.