5.600 Македонци починале за една година поради загадувањето на воздухот – Земјава на врвот по смртност во Европа

Македонија на врвот по смртност од аерозагадување. Европската агенција за животна средина објави извештај за 2021 година, според кој за една година поради загадувањето на воздухот починале 5.600 Македонци. Според експертите, овој извештај досега е најкастрофален.

-Споредбено со претходната година е драматично зголемување за околу 30-тина %. Ако споредиме со годините претходно кога имавме околу 3 – 3,5 илјади имаме речиси удвојување на смртните случаи што за Македонија е катастрофално, вели Ели Пешева од О2 Иницијативата.

Според активистите, катастрофално е и тоа што македонските институции не водат официјална статистика на смрните случаи како последица на високото загадување на воздухот.

Извештајот на Агенцијата вели дека 253.000 луѓе во Европската Унија починале во 2021 година како последица на загадувањето на воздухот со ПМ 2,5 честички. Нивото на загаденост во ЕУ сè уште е далеку повисоко од тоа што го бара Светската здравствена организација. Но, во извештајот на Агенцијата се вели дека од 2005 до 2021 година бројот на починати како последица на штетните ПМ 2,5 честички е намален за 41%.

Европските експерти велат дека аерозагадувањето е причина за смртоносни, но и за ментални болести.

-Имаме кардиоваскуларни болести, мозочен удар, срцеви болести, дијабетес, но имаме и ментални болести како деменција или алцхајмер. Ова е новост коа доаѓа од епидемиолошките истражувања, вели, експертот од ЕЕА, Алберто Гонзалес Ортиз.

Освен високата смртност, аерозагадувањето влијае и на квалитетот на живот.

-За жал аерозагадувањето има импакт врз во секојдневниот живот на луѓето. Пример, кога зборуваме за астмата или дијабетесот, знаеме дека аерозагадувањето е причинител на овие болести. Луѓето мора да живеат со овие болести секојдневно, во многу години и многу декади. Ова влијае врз нивниот квалитет на живот, особено на тоа што можат да прават во деновите кога има енормно загадување. Не е само смртноста, туку и квалитетот на живот, вели експертот од ЕЕА Иан Марнан.

Аерозагадувањето во последните години во континуитет е меѓу главните теми во зимскиот период. Досега политичарите најавуваа дека загадувањето ќе биде нивен приоритет, но на терен не се случува ништо. Македонија нема ниту стратегија како да го намали аерозагадувањето. Дополнително, во Буџетот за следната година, според експертите, ќе има уште помалку пари за ова прашање кое влијае врз животот на сите граѓани во државава.

-Имаме сега некои информации, баш овој период од годината кога се подготвува Буџетот за следната година дека повторно ќе бидеме рекордени, што значи дека ќе го имаме најнискиот Буџет за животна средина во историјата на оваа држава што покажува еден класичен игнорантски однос, вели Пешева.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons