38 пожари во последните 24 часа, активни се 6
Во последните 24 часа на територијата на Македонија регистрирани се 38 пожари од кои шест се активни, пет се под контрола, а изгаснати се 27, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите на териториите на општините Василево, Радовиш и Берово (село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), три во Македонски Брод (село Грешница; помеѓу селата Локвица и Крапа каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и кај селата Латово, месноста Маркова Стапалка каде горат грмушки и сува трева); кај селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец, Прилеп каде гори ниска вегетација и деградирана шума); Желино (помеѓу селата Церово и Групчин гори нискостеблеста и деградирана шума).Под контрола се пожарите кај Ресен (од село Шурленци до Езерани гори трска и ниска вегетација), Дојран (гори мешана шума кај село Николиќ), Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, гори мешана нискостеблеста деградирана шума, Гостивар (село Симница гори нискостеблеста и дабова шума), Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација).