226 возачи казнети за брзо возење

Казнети се 226 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што денеска информираа од МВР, притоа 121 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons