Блесакаше тандемот Димитријевиќ – Хап, Македонија ја прегази Полска! 

Maкедонската кошаркарска репрезентација одигра одличен натпревар и славеше победа на гостувањето против Полска со убедливи 71:96.

Не почна добро натпреварот за Македонија, капитенот Војдан Стојановскиверојатно ја обнови повредата која го мачеше уште пред натпреварот против Естонија, па го напушти паркетот уште во првата минута.

Но, Македонија и без него на паркетот изгледаше одлично, Полска водеше само на стартот, а потоа со цврста одбрана и добро организирани напади предводени од Димитријевиќ и Хап успевавме да реализираме.

На двапати предноста на Македонија во првото полувреме изнесуваше 13 поени. Полјаците немаа решение за тандемот Димитријевиќ-Хап.

Фото: КФСМ

Третата четвртина беше и периодот кога Македонија го реши прашањето на победникот. Само што започна вториот дел нашата предност продолжи да се зголемува, па така стигнавме и до највисоките до тој момент плус 23. Во последниот период влеговме со водство од 69:50.

Не се променија многу работите и во последната четвртина, Полска малку се разбуди и дојде до -13, но сепак македонските кошаркари одново го подигнаа нивото на игра и ја вратија сигурната предност.

Димитријевиќ со 32 поени, 8 скокови и 8 асистенции беше лидер на Македонија, а него го следеше Хап со 19 поени, 7 скокови и 5 асистенции. Ѓуроски постигна 17 поени, Михалак со 20 поени и 9 скокови беше најрасположен кај Полска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons