МакедонијаНајново

18 институти се затворени поради незаконско работење – најавена и смена на директор на студентски дом

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави смена на директорот на студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид и негова целосна реконструкција, оценувајќи дека досегашното раководство работело „крајно недомаќински“.

„Досега студентските домови требаше да бидат реновирани. Ние со максимално темпо и брзина ја поправаме таа ситуација. Двата студентски дома ќе почнат со работа. Направивме ревизија, свесни сме дека раководството крајно недомаќински работело. Тој студентски дом е затворен од денес, ќе има промена на директорот. Кон крајот на годината ќе има негова реконструкција“, изјави Јаневска.

Меѓу другото, таа се осврна и на контролите што Министерството ги спроведува во високото образование, посочувајќи дека досега се затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа.

„Досега се затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа. Во процес сме на затворање на пет-шест институти сигурно и правиме проверка во најмалку уште пет универзитети“, посочи Јаневска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons