„14 жртви – 0 денови затвор, ниту П од правда“, протестираа блиските на жртвите од модуларната болница

Под мотото „32 години корупција што убива“, денеска во Скопје протестираа семејствата, нивните блиски и пријатели на 14-те жртви на пожарот во модуларната ковид – болница во Тетово што се случи вечерта на 8 септември пред две години. На протестниот марш тие изразија револт од работата и постапката на обвинителството и побараа оставки, почнувајќи од главниот обвинител Љубомир Јовески. Нагласија дека не видоа ниту П од правдата и дека за 14 животи нема ниту ден затвор.

Протестот започна на плоштадот Скендербег, а заврши пред зградата на Јавното обвинителство, каде ги залепија транспарентите.

Тие побараа разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовевски со другите обвинители Бесир Алиу, Ханефи Амети, Зорица Павловиќ и Дејан Петрески, за кои сметаат дека се инволвирани во прикривање на делото. Побараа и отворање на судска постапка за причините на пожарот и повторно постапување и преиспитување на пресудата од судот во Тетово.

Мумин Исмаили, роднина на еден од жртвите, истакна дека додека не се земат предвид нивните барања, како што посочи, ќе бидат принудени да ја сменат формата на мирните протести. 

„Тие, денес, не се меѓу нас само заради тоа што не се почитуваа градежни стандарди. Животот на граѓаните во оваа држава е заложник за пазарење и тендери без критериуми и материјална корист, но се докажа дека корупцијата убива во оваа држава. Сите зборуваат за интеграција во ЕУ и владеење на правдата, но во оваа држава не се почитува најсветото – човечкиот живот.  14 жртви – нула дена затвор. Од оваа зграда не видовме ниту П од правда. Токму од оваа зграда се уништува перспективата и надежта за достоинствен живот во оваа земја. Ова Обвинителство е газда за организиран криминал, корупција, зло и олигархија, рече тој. 

„Овде сме да го изразиме нашиот револт од премолчувањето на вистината за главните виновници за трагедијата во тетовската болница, каде што живи изгореа 14 члена на нашите семејства. Животите на граѓаните во оваа држава се заложници на пазарење и тендери без критериуми. Се докажа дека корупцијата убива. Во оваа држава не се почитува најсветото – човечкиот живот: 14 жртви, нула дена затвор“, рече еден демонстрант.

На протестот беше побарано разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовески и на другите обвинители, кои, како што кажаа, го прикриле делото. Ако не исполнат барањата на семејствата, се најавува заострување на протестите.

„Не видовме ниту ‘п‘ од правда. Токму во оваа зграда се уништуваат перспективата и надежта за достоинствен живот во оваа земја“, кажаа пред зградата на Јавното обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons