Џес Бејли: За пет години ќе видите дека промената на Уставот е добро решение

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје, Џес Бејли, во денешното интервју за „Гласот на Америка“, одговарајќи на едно од прашањата, се согласува дека Македонија е принудена на тешки отстапки во евроинтеграциите, но и дека со промената на Уставот, како што бара Бугарија, за пет години, како што вели, на секому ќе му биде јасно дека тоа би било правилна одлука.

„За жал, сега го имате ова бугарско вето за придвижување на процесот напред. Има јасно решение изнесено таму. Тоа решение не им се допаѓа на сите. Но, мислам дека пет години отсега со спроведување на уставните измени, пет години во иднина, луѓето ќе увидат дека тоа е позитивен чекор за земјата. Сфаќам дека многу луѓе се противат и сочувствувам со фрустрацијата на луѓето поради тоа“, вели дипломатот кој беше во Скопје во 2015 во екот на објавувањето на таканаречените „бомби“.

Тој вели дека и Преспанскиот договор, како уставните измени сега, бил критикуван на почетокот, но дека веќе никој не го спори позитивниот исход од него. На прашањето дали Преспанскиот договор разочара во однос на европската перспектива, тој рече дека од денешен аспект тоа никој не го оспорува.

„Не мислам дека потфрли во однос на перспективата, бидејќи Преспа секако беше со Грција и нејзината блокада конкретно навистина повеќе за во НАТО. Таму почна. Но, очигледно, тој беше дизајниран да го постави патот кон ЕУ. Вие сте во ситуација која е тешка. Тоа е фрустрирачки. Но, мислам дека ако земјата продолжи по својот стратешки пат, колку и да е тоа тежок, таму има подобра иднина. Мислам дека е важно да се задржи таа поширока визија, како што разгледувате некои краткорочни прашања кои можеби изгледаат многу тешки, но на крајот, како и со многу одлуки во животот, кога ќе ја направите таа одлука, се покажува дека сепак не била толку лоша“.вели тој.

Бејли на едно од пшрашањата рече дека САД може да помогне до некаде со корупцијата, но дека таа не може да се исправи со „магична санкција“, туку со работа на институциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons