Ќе се менуваат и денарите со старото име – познато кога е крајниот рок! 

Согласно Преспанскиот договор дражавата има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија. 

Како што појаснува вицегувернерката Нацевска, со оглед на фактот дека земјава се уште го нема отворено тоа поглавје во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.

„Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарaчкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите,“ -изјави Емилија Нацевска – вицегувернерка во НБРМ.

Промената на парите ќе се врши постепено бидејќи станува збор за долг и скап процес, за што е потребно и навремено планирање на залихите, вели Нацевска и додева дека Народната банка замената на парите ја започнала уште во 2020тата со изданијата на парите од оние апоени каде имало потреба за надополнување на залихите.

Во однос на стабилноста на домашната валута од НБРМ уште еднаш потврдуваат курсот на денарот е стабилен и таков ќе остане нема простор за загриженост.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons