Ќе се гради луксузен авион-хотел кој ќе може да лета со месеци 

Голем летечки хотел што работи на нуклеарна енергија и може да носи 5.000 патници. Дизајните на авионот „Скај круз“, кој ќе лета со помош на вештачка интелигенција, покажуваат вистински луксуз во воздухот. 

Според плановите, авионот би останал во воздухот со месеци. Овој хибриден модел на авион и хотел ќе има 20 мотори кои ќе работат со помош на енергија произведена со нуклеарна фузија. 

Хашем Алгали, кој го создал дизајнот на авионот, вели дека тој ќе ја претставува иднината на превозот. Според него, дури и поправките на авионот ќе бидат правени во текот на летањето. 

Во видео во кое се покажува дизајнот на авионот може да се види дека во него ќе има ресторани, голем трговски центар, вежбалница, театар, па дури и базен. Освен тоа, авионот ќе има стаклен дел кој ќе нуди панорамски поглед на надворешноста. 

Иако звучи неверојатно, некои критичари посочиле на повеќе проблеми со дизајнот на авионот. Поради тежината, ваков авион би можел да уништи цел град доколку падне. 

Засега не се знае кога би можел да стане реален овој авион. 

Извор: New York Post
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons