Ѓорческа ќе игра на квалификациите за Австралијан опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има голем предизвик на почетокот на новата сезона бидејќи ќе настапи во квалификациите за првиот гренслем-турнир во годината, Австралијан опен.

Ѓорческа се враќа на Австралијан опен по пауза од неколку години, односно за последен пат заигра во 2017 година кога стигна до третото квалификациско коло.

Ова за Ѓорческа ќе биде седми настап во квалификациите за турнирот, а досега има три на Ју-Ес Опен и по еден на Австралијан опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

Квалификациите во Австралија почнуваат на 8 јануари, а главниот турнир ќе почне на 14 јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons