Ѓорческа со лесна победа тргна во Куршумлијска Бања
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во осминафиналето на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија откако на стартот ја мина Стефаниа Бојица од Романија која го предаде мечот на стартот од вториот сет.
Ѓорческа одлично тргна во мечот, првиот сет го доби со 6-2, поведе и во вториот со 1-0, а тогаш романската тенисерка се предаде поради повреда.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од Италијанката Паганети и Русинката Золотарева.
Македонската тенисерка е седма носителка на овој турнир.