Ново разочарување за Барселона, пораз од Кадиз на Камп Ноу 

По елиминацијата во Лига Европа од Анјтрахт, ново разочарување од Барселона на својот стадион, овојпат загубија од Кадиз во Ла Лига со 1-0. 

Барселона влезе како огромен фаворит против Кадиз, но го загуби мечот. Втор шок на Камп Ноу по ред за навивачите на каталонскиот тим. Единствениот гол се случи по само три минути игра во второто полувреме кога Перез постигна погодок за водство на Кадиз од 1-0, кој значеше и победа. Играч на мечот беше голманот на Кадиз, Ледесма кој имаше неколку одлични интервенции. Барселона е на второто место со 60 бодови, колку што имаат и Севиља и Атлетико Мадрид, но Каталонците имаат и меч помалку. Лидер е Реал Мадрид со 75 бода. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons