Трабзонспор го обновува интересот за Алиоски 

Езгјан Алиоски би можел да игра во Лигата на шампиони, турскиот шампион Трабзонспор го обновува интересот за услугите на левиот бек.

Минатото лето, неколку клубови пројавија интерес за услугите на Езгјан Алиоски, еден од нив беше Трабзонспор, но на крајот, Македонецот реши да оди на печалба во Саудиска Арабија.

Една година подоцона, Езгјан Алиоски одново е на радарот на Трабзонспор, кој сега може да му понуди и настап во Лигата на шампиони откако стигна до титуалта во првенството на Турција.

Трабзонспор сепак сега ќе има потешка задача бидејќи ќе треба да преговара и со Ал Ахли и да плати обесштетување за услугите на левиот бек.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons