Ѓоковиќ оди во полуфинале во Шангај, таму ќе игра со најголемата сензација на турнирот
Новак Ѓоковиќ со 2-0 (6-3, 7-5) во сетови го совлада белгискиот тенисер Зизо Бергс и се пласираше меѓу четирите најдобри на мастарс турнирот во Шангај.
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ има уште една пречка до финалето на мастерсот во Шангај откако денеска го совлада Бергс.
Српскиот тенисер овојпат дојде до победа во два сета. Првиот сет го доби со 6-3, со еден брејк. Многу поинтересен беше вториот сет кој Новак го доби со 7-5. При резултат 4-4, Ѓоковиќ направи брејк и имаше сервис за меч, но Бергс направи рибрејк и израмни на 5-5. Потоа следуваше нов брејк на Ѓоковиќ за водство од 6-5 и овојпат не погреши на свој сервис, го зема тој гејм за победа од 7-5.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Вашеро кој е вистинска сензација на овој турнир. Се работи за 26-годишен тенисер од Монако кој е 204. на АТП листата, но во Шангај ги изненади сите со својот настап, а денеска го елиминираше и Руне.