Македонија подготвена за големата пресметка со Украина

Македонската фудбалска јавност со нетрпение го очекува  новиот дуел помеѓу селекциите на Украина и Македонија кој е закажан за утре во Прага со почеток во 15ч. Влогот за двете селекции е голем бидејќи само победата ги одржува во битката за втората позиција на табелата за која конкурира и селекцијата на Италија.  Селекторот Милевски и репрезентативците по тренингот во Прага истакнаа дека се подготвени да го изненадат противникот и му се реваншираат за поразот во Скопје.  Украина и Македонија натпреварот ќе го одиграат утре сабота во 15ч во Прага каде се очекува и голема поддршка од македонските фанови за нашите репрезентативци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons