Галатасарај сака да го позајми Елмас од Наполи 

Турските медиуми тврдат дека Елиф Елмас во јануари би можел да се врати во нивната земја, но овојпат да го облече дресот на Галатасарај.

Елмас беше играч на Фенербахче и од таму направи рекорден трансфер во Наполи.

Последните информации од Турција велат дека големиот ривал на Фенербахче, Галатасарај веќе почнал преговори со Наполи за позајмица на Елмас до крајот на сезоната.

Наполитанците бараат 2-3 милиони евра, сума која би можел да ја плати Галатасарај, но прашање е дали Елмас ќе се сложи со еден ваков трансфер.

По 14 одиграни кола Фенербахче и Галатасарај се на врвот во турското првенство со ист број на бодови, по 37.

Елмас имаше разочарувачки старт на сезоната во Серија А, ретко играше кај Руди Гарсија, но под водство на Мацари добива поголема минутажа. Беше стартер на дербито против Интер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons