Штутгарт ја одреди цената за Чурлинов, на потег е Шалке 

Шалке кој се враќа во Бундеслигата, ќе треба да плати три милиони евра доколку сака да ги задржи услугите на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Позајмен од Штутгарт без откупна клаузула, 21-годишниот крилен напаѓач треба да се врати во матичниот клуб на крајот на месецот.

Нашиот играч имаше придонес во големиот успех на тимот од Гелзенкирхен да биде повторно дел од германската фудбалска елита, а и самите навивачи се импресионирани од неговите игри.

Германскиот фудбалски магазин „Кикер“ објави дека Штутгарт бара три милиони евра надомест, а ова може да се покаже проблематично бидејќи спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер веќе се обидува да ги купи позајмените Ко Итакура и Донг-гјонг Ли.

Исто така, има информации дека Шредер има за цел да инвестира еден милион евра во нов лев бек.

Чурлинов постигна два гола во Бундеслига 2 и запиша уште седум асистенции во дресот на Шалке.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons