Калин скокна за две позиции на најновата АТП листа 

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановскинапредуваше за две позиции на најновата АТП листа.

Зад своето име Калин сега има 92 бода со кои е на 459. место во рангирањето на поединечна конкуренција. Ова не е најдобриот пласман за Калин во кариерата затоа што пред неколку недели беше и на 457. позиција.

Од останатите македонски тенисер зад Калин е Обрад Марковски на 1.127 позиција, потоа Горзад Србљак скокна за 46 места и сега 1.132, па следуваат Берг Бугариќ, Томислав Јотовоски и Стефан Мицов.

На врвот нема големи промени, Новак Ѓоковиќ и понатаму е лидер пред Алкараз, Медведев, Руд и Циципас ја заокружуваат првата „петорка“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons