Штрајк во ЈП Национални шуми: Ем не земаат плата, ем таа што доцни е 2.000 помала 

Штрајкот во ЈП Национални шуми кој започна пред неколку денови се уште трае. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска беше во подружницата на ЈП Национални шуми – Бабуна Велес каде што сите работници се едногласни по однос на потребата од исполнување на барањата поради кои започна штрајкот.

Вработените си ги бараат не исплатените плати, не исплатените теренски додатоци и останати додатоци на плата.

Револтот кај вработените е голем поради тоа што во континуитет се доцни со исплата на нивната плата, поради тоа што повторно им се исплаќа намалена плата, која за последниот месец е незаконски намалена за 2.000 денари на секој еден од вработените во ова јавно претпријатие, како и поради тоа што веќе неколку месеци не им се исплаќа теренскиот додаток како и другите додатоци на плата.

Рокот за исплата на платата за февруари истекува на 15-ти март и доколку не се исплати истата во законски предвидениот рок барањата се да се организира протест пред централата на ЈП Национални шуми во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons