Шон Дајч доби отказ од Барнли по речиси 10 години на кормилото 

Барнли реши да се раздели со Шон Дајч, популарните „кларетс” му дадоа отказ на тренерот кој беше на кормилото речиси 10 години поради ризикот да испаднат во втора лига.

Со осум натпревари до крајот на сезоната, Барнли реши да го промени тренерот. Поразот од Норич во минатото коло ја прели чашата па раководствоот на клубот утрово пренесе дека Шон Дајч добил отказ.

Стратегот седна на кормилото на Барнли во 2012 и два пати успеа да го промовира клубот во Премиерлигата.

Популарните „кларетс“ сега грчевито ќе се борат за опстанок, имаат четири бода помалку од Евертон и безбедната зона.

Како што пренесуваат медиумите, тренерот на У23 тимот, Мајк Џонс на привремена основа ќе го предводи Барнли , ќе му помагаат капитенот Бен Ми, директорот на акдемијата Пол Џенкинс и тренерот на голманите на У23 тимот, Конор Кинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons