Додик: Нека е проклет секој Србин кој во парламентот на БиХ би расправал за државниот имот 

Претставниците на владејачката коалиција во Република Српска испратија денес барање до сите органи во овој ентитет на Босна и Херцеговина да го спроведуваат законот за недвижен имот, кога тој ќе стапи на сила.

Српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик му упати клетва на секој Србин кој би расправал за законот за државен имот во Парламентарното собрание во БиХ.

„Републичките органи и организации имаат јасни одговорности во тој поглед. Тие мора да знаат дека ние не го даваме имотот. Нека е проклет оној Србин кој некогаш ќе дојде во позиција да расправа за законот на ниво на БиХ“, кажа Додик во Бања Лука.

Според него, ако еднаш се стави имотот во законодавна надлежност на Парламентарното собрание на БиХ, кое, според него, не е надлежно, ќе биде „потпишана смртна пресуда за РС“.

Лидерот на СНСД истакна дека Република Српска ќе го спроведува законот за недвижен имот на РС, без оглед што го поништи високиот претставник Кристијан Шмит.

„Законот ќе се спроведува како што е напишан, републичките органи имаат тука свои обврски. Одлуката на Шмит нема да ја објавиме во службен весник, што значи дека нема да биде применлива во РС“, кажа Додик.

Додик кажа и дека БиХ е протекторат, што го потврдува мешањето на странците во нејзините внатрешни прашања.

„Енормно е мешањето на други земји во внатрешните прашања, пред сите на САД, Британија и Германија, во конкретни прашања кои се однесуваат на суверенитетот“, оцени тој.

„Го повикуваме народот внимателно да следи кој како се однесува во ова време. Ова не е политичка, туку егзистенцијална борба“, наведе тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons