НајновоСвет

Шефот на НАТО: Ова е критичен момент. На Украина и требаат оружје и муниција 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес повторно повика Украина што побрзо да се снабди со оружје и муниција бидејќи секој ден доцнење има реални последици на боиштето. „Сите сојузници треба длабоко да загребат и брзо да испорачаат. Секој ден доцнење има реални последици на боиштето во Украина“, кажа Столтенберг.

„Ова е критичен момент и би била тешка, историска грешка да му се дозволи на (рускиот претседател Владимир) Путин да победи. Не можеме да им дозволиме на авторитарните лидери да го постигнат своето со користење сила, тоа би било опасно за сите нас“, додаде тој претставувајќи го годишниот извештај за 2023 година.

Истакнувајќи дека членките на НАТО заедно имаат капацитети да ја снабдат Украина со потребното оружје и муниција. Столтенберг порача дека сега е потребно да се покаже политичка волја тоа и да се направи.

НАТО минатата година обезбедил 99 отсто од вкупната воена помош за Украина и продолжува да ѝ пружа огромно количество помош, вклучувајќи артилерија, муниција, тенкови и оклопни возила, противвоздушна одбрана, хеликоптери, дронови и за првпат радари. Испорачани се и ракетни системи со долг дострел, а неколку НАТО членки се согласија и да испратат авиони Ф-16.

„Помошта на НАТО сојузниците без преседан ѝ помогна на Украина да преживее како суверена, независна држава, но тоа не е доволно. На Украина ѝ треба повеќе помош и тоа сега. На Украинците не им недостига храброст, им недостига муниција“, кажа Столтенберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons