ИЈЗ по сомнителниот пациент во Србија: Нема случај на заболени деца од „мистериозниот хепатитис“ кај нас

Таканаречениот „мистериозен хепатитис” од кој досега се заразени повеќе од 230 деца во светот, предизвика големо внимание во јавноста, а веста дека можеби е регистриран кај едно дете во Србија ги загрижи родителите. Реадакцијата на МКД.мк одговор за состојбата кај нас поврзана со овој вид на вирус побара од Министерството за здравство. Од таму, повикувајќи се на Институтот за јвно здравје (ИЈЗ) смируваат и велат дека кај нас нема регистриран случај на нов хепатитис кај деца.

„Од ИЈЗ информираат дека засега нема регистрирано ваков случај хепатитис кај деца. Внимателно се следи состојбата и соодветно ќе бидат преземени превентивни мерки и активности доколку тоа го налага состојбата”, стои во кусиот одговор што Министерството за здравство го испрати до МКД.мк.

Будно се следи и состојбата на деветгодишното момче кое беше сместено во Институтот за мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ” во Белград, моментално е стабилно и засега нема официјална потврда дека се работи за нова форма на вирусот, пренесува Курир.рс.

Сепак, како што откриваат лекарите, црниот дроб на момчето е во тешка состојба.

„На нашето одделение има пациент, момче кое има 9 години, со симптоми кои укажуваат на нов тип на хепатитис. Но, се уште не можеме да потврдиме дека се работи за ново заболување бидејќи ни недостасуваат одредени анализи, па сепак велам дека има само сомнеж, додека не ги завршиме тестовите. Ова е ново заболување на светот и кај нас, затоа мора да бидеме внимателни. Момчето е во клинички добра состојба, но е жолто. Не се жали на болки, но црниот дроб му е во тешка и лоша состојба и загрижени сме дека кај 10 проценти од малите пациенти црниот дроб не закрепнува”, изјави за Нова С д-р Драган Прокиќ, педијатар и гастроентерохепатолог, раководител на Одделение за испитување и лекување на болести дигестивни органи при Институтот за мајка и дете.

Не постои протокол за третман. Родителите забележале дека кожата на детето пожолтела и го донеле на преглед.

„Веќе направивме бројни анализи, но не чекаат уште прегледи денес и во понеделник, па се надевам дека ќе знаеме што понатаму, бидејќи нема протокол за лекување на нов тип на хепатитис и тоа е она што не загрижува. Инаку, за акутен хепатитис не се дава целна терапија, се лекува”, објаснува д-р Прокиќ.

Од крајот на март, неколку земји пријавија случаи на хепатитис кај деца предизвикан од непознат патоген.

Првите случаи се појавија во Велика Британија, а потоа и во други европски земји, САД, Израел и Јапонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons