ЦУК: 1.894 повици на 112 во последното деноноќие, има и пожари на отворено 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 35,06 проценти,  а 64,94 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 53,55 проценти, кон Итната медицинска помош 37,23 проценти, кон пожарникарите 6,49 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

– Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,73 проценти со другите 64,94 проценти што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, се појаснува во соопштението од ЦУК.

Според извештаите во ЦУК за регистрираните пожари, податоците покажуваат дека и покрај студените температури, пожари на отворено се уште има, а дел од пожарите во населени места се заради запалени оџаци. 

Пожарникарите од Бригдата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје од 17:38 до 18:30 часот, со 8 пожарникари и три ПП возила гаснеле запалена куќа на површина од околу 40 м2 на ул. „Жан Жорес“(Општина Гази Баба). Во период од 03:50 до 04:45 часот, со две ПП возила и четири пожарникари гаснеле запалено патничко моторно возило марка „голф 3“ на ул. „Методија Андонов Ченто“ (Опш.Гази баба). Имале и четри други помали интервенции и тоа поради опожарено ѓубре, отпаден материјал, запалени електрични кабли и опожарен контејнер на разни локации во градот и околината.

Пожарникарите од Територијалната за противпожарна единица (ТППЕ) Струга од 15:05 до 16:30 часот со четири пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена кровна конструкција на објект во село Радолишта и имале уште една помала интервенција поради запален оџак.

Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, стои во соопштението од ЦУК, од 09:55 до 12:15 часот со осум пожарникари и две ПП возила гаснеле запалена куќа на ул. „Ладо Лапецот“ и имале уште две помали интервеции поради запалени оџаци.

Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе од 11:30 до 13:30 часот со едно ПП возило и тројца пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 0,2 хектари во село Стањевци.

ТППЕ Велес во изминатото деноноќие имале (1) една помала интервенција поради запален оџак.

РЦУК – Тетово, известува од ТППЕ Гостивар дека во изминатото деноноќие со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалено патничко моторно возило на патот од Бунец кон Маврово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons