ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Во текот на вчерашниот саботен ден според извештаите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, интервенирале на 39 пожари – од коишто до утрово активени се уште се шест.

Активните пожари, како што информираат од ЦУК, се во три општини и тоа во Општина Македонски Брод, кај село Белица, во месност „Аргулица“, под Солунска Глава каде што гори ниско стеблеста шума и пасиште. Четири пожари се во Општина Прилеп, и тоа кај село Алинци каде гори депонија, село Шелеверци каде гори ниска вегетација, село Мало Рувци, каде што гори нискостеблеста шума, трева, грмушки, букова шума и ниска вегетација, село Веселчани и кај село Старо Лагово каде гори ниска вегетација. Во Oпштина Велес, има пожар на ридот во населба „Превалец“, каде што гори гори ниска вегетација. 

Изгаснати се 33 пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, депонии, а и трска, биле во општини:
– Општина Студеничани с. Осинчани (каде што горела ниска мешана шума и сува трева);
– Општина Бутел, с. Визбегово (ниска вегетација);
– Општина Гази Баба, с.Јурумлери (депонија);
– Општина Сопиште, с.Света Петка (депонија);
– Општина Долнени, 2 с.Житоше и с.Рилево (ниска вегетација);
– Општина Демир Хисар, с. Рактиница (сува трева);
– Општина Битола, ул.Девеани (депонија);
– Општина Струмица, с.Водоца (ниска вегетација и прнар);
– Општина Дојран, с.Црничани (ниска вегетација);
– Општина Валандово, с.Чалакли (Ниска вегетација и прнар);
– Општина Босилово , с,Турново – с.Секирник (сува трева);
– Општина Дојран, с.Фурка (ниска вегетација);
– Општина Ново Село, с.Зубово (ниска вегетацијаа);
– Општина Куманово 3, с.Речица, с.Тромеѓа и Пчиња (ниска вегетација);
– Општина Липково, с.Никуштак (ниска вегетација);
– Општина Крива Паланка, с.Жидилово, м.в.Цоневци (борова и дабова шума);
– Општина Охрид, нас. Воска (трска);
– Општина Кичево, с.Зајас (ниска вегетација);
– Општина Чашка, 2 с.Ногаевци и „Стари Град“ (ниска вегетација, капини, и грмушки);
– Општина Карбинци, с.Ратево (ниска вегетација);
– Општина Свети Николе, с.Сарамзалино (ниска вегетација);
– Општина Тетово 3 , Ф-ка „Профикс„кај Ски Центар – над шестоседната жичницата ( ниска вегетација Депонија) и кај с.Рогле (ниска вегетација).
– Општина Брвеница, патот, Брвеница – Радиовце (ниска вегетација);
– Општина Гостивар, 3, кај с.Равен, с.Ломница и кај с.Санакос (сува трева).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons