Црвениот крст на РСМ со донација за настраданото население во Словенија

Црвениот крст на РСМ  издвои средства во висина од 5.000 евра за помош за справување со последиците од катастрофалните поплави и силното невреме што ја зафтија Словенија. 

Како што информираат од Црвениот крст, понудени се волонтери и тимови за соодветна интервенција кои во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons