Хаос на улиците во Атина: Фан на АЕК е убиен од навивачи на Динамо Загреб (ВИДЕО)

Грчките медиуми јавуваат за тежок инцидент во Атина, 22-годишен навивач на АЕК е убиен по тепачка со навивачите на Динамо Загреб, „Бед Блу Бојс“.

Вечерва со почеток од 20:45 часот АЕК го пречекува Динамо Загреб во натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.

Мечот е од висок ризик и издадена е забрана за присуство на гостински навивачи. Но, фановите на Динамо Загреб и покрај тоа што нема да можат да бидат на стадионот, отпатуваа во Атина.

Грчките медиуми „Газета“ и „Спорт24“ објавуваат дека навивач на АЕК загинал по убод со остар предмет. Момчето било пренесено во болница со брза помош, каде докторите се бореле да му го спасат животот, но не успеале. Со него биле уште неколку повредени навивачи, кои постојано зборувале на телефон и се држеле за глава во очај поради очигледната загуба.

Во болницата имало повеќе повредени навивачи, имало и Грци и Хрвати. Според медиумите во Грција, во Атина отпатувале повеќе од 150 навивачи на Динамо Загреб.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons