Хамилтон или Леклер? Хиерархијата во Ферари ќе се воспостави по првите трки
Луис Хамилтон е предупреден од коментаторот на „Газета“ дека треба да направи брз старт како возач на Ферари во Ф1
Луис Хамилтон ќе биде под голем притисок да направи брз старт на својата кариера во автомобилот на Ферари во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион премина во Ферари по 12 години во Мерцедес. Потегот на Хамилтон го привлече вниманието на светот и пред стартот на сезоната (16 март, Австралија) се зголемува возбудата и исчекувањето.
Вестите во Италија сугерираат дека Британецот ќе биде под притисок да се покаже подобар од новиот тимски колега Шарл Леклер уште од стартот.
Според „Газета дело спорт“, директорот на тимот на Ферари Фред Васер, би можел да наметне тимски инструкции уште рано, бидејќи Скудерија сака да стави крај на 16-годишното чекање за светска титула.
Според „Газета“ првите трки во 2025 година би можеле да бидат „одлучувачки“ за „воспоставување на нов хиерархиски поредок во тимот“.
– Двајцата возачи се потенцијални „број еден“, па резултатите ќе одлучат на кој од асовите да се потпрат за да ја бркаат светската титула кај возачите. Доаѓањето на Хамилтон, со неговото искуство, неговата харизма и неговите седум шампионски победи, го промени балансот во споредба со времето кога беше таму Карлос Саинц. Леклер сега нема да може да ја преземе улогата на лидер на Ферари, туку ќе мора да ја заработи на патеката. Затоа, добар старт ќе биде клучен и за Хамилтон и за Леклер, кои се убедени во потенцијалот на новото Ферари да се соочи со Мекларен, Ред Бул и Мерцедес – се вели во коментарот на италијанскиот медиум.