Фудбалски храм со кој ќе се гордееме: Еве како ќе изгледа новиот стадион во Аеродром (ФОТО) 

И официјално и дефинитивно, како што и беше ветено од страна на ФФМ и Општина Аеродром, ќе се гради репрезентативен стадион во оваа скопска населба кој ќе биде во рамките на „Куќата на фудбалот“.

Денеска на седница на УО на Фудбалската федерација на Македонија, одлучено е да се отпочне на постапка за изградбата на стадионот. Инаку да потсетиме дека договор падна пред извесно време меѓу првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кога и двајцата ја истакнаа потребата од еден ваков спортски, пред се фудбалски објект.

„Спортмедиа“ дознава како ќе изгледа новиот стадион, со кој ФФМ, жителите на Аеродром ќе бидат горди, како и сите во Македонија. Од два понудени примери, новата Арена во Луксембург и новиот стадион на Викинг во Норвешка, одбран е првиот.

Стадионот ќе биде со капацитет од 12.000 гледачи, со три трибини, а на четвртата ќе биде впечатлив семафорот. Да не говориме дека ќе ги има сите придружни елементи кој ги има еден современ фудбалски објект. Да кажеме дека за изградба на стадионот и ФИФА испратила позитивни сигнали неодамна на конгресот во Доха, каде беше раководството на Фудбалската федерација. Изградбата на самиот стадион ќе чини 10.000.000 евра, а би требало да биде готов на крајот од 2023 година, пишува Спортмедиа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons