Ф1: Ферстапен победи во Тексас, Ред Бул ја обезбеди титулата

Светскиот првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул, ја освои Големата награда на САД триумфирајќи на патеката во Остин.

Ферстапен, кој и пред трката во Тексас ја обезбеди шампионската титула мина прв низ целта пред седумкратниот светски Луис Хамилтон во Мерцедес и Шарл Леклер (Ферари).

За Ферстапен ова беше 13 победа сезонава во 19. трка, а вкупно 33 во кариерата.

Ферстапен одбраната на титулата ја обезбеди уште пред две недели во Јапонија, а во Остин тоа му успеа на Ред Бул, кој ја потврди титулата во конструктори, петта во историјата.

Триумфот на Ред Бул и победата на Ферстапен дојдоа ден откако сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, почина на 78 – годишна возраст по долго боледување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons