ФФМ: Фудбалерите го победија европскиот шампион, а АМС молчи! 

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), реагира на изборот за најдобри на Агенцијата за млади и Спорт (АМС). 

Наградата за најдобра машка репрезентација ја добија македонските ракометари. Од ФФМ велат дека се фатиле за глава кога го виделе тоа бидејќи според нив фудбалерите направиле историски успех со победата над Италија и доаѓањето на чекор до пласман на Светското првенство.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се “фатиме за глава”. Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“, објави ФФМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons