Спорт

Фудбалскиот стадион во Диселдорф е подготвен за ракомет, Македонија прва ќе игра (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација ќе испише историја со тоа што заедно со Франција ќе станат првите селекции кои играле Европско првенство на фудбалски стадион.

На 10. јануари од 18 часот Македонија ќе го почне настапот на Европското првенство, противник ни е Франција, а натпреварот ќе се игра на „Меркус Шпил Арена“ во Диселдорф.

Веднаш потоа е дуелот меѓу Германија и Швајцарија на кој треба да биде урнат рекордот по гледаност на еден ракометен меч.

Деновиве фудбалскиот стадион во Диселдорф беше претворен во ракометна арена. Беше поставен терен и монтажни трибини околу него кои ќе бидат дополнување за регуларните седишта на стадионот.

Само првото коло од нашата група ќе се одигра на стадионот во Диселдордф, потоа четирите селекции се селат во Берлин каде ќе се доигра групната фаза. Само првите две селекции од секоја група одат во следната фаза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons