Кирил Лазаров го објави конечниот список за Европското првенство во Германија 

Најдобрата македонска ракометна репрезентација за два дена ќе го почне настапот на Европското првенство во Германија кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари.

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кирил Лазаров го објави конечниот список за континенталниот собир.

Македонија во Диселдорф ќе отпатува со 18 репрезентативци, од кои стручниот штаб треба да се одлучи за 16 кои ќе бидат во составот за натпреварите од групата „А“ на ЕП.

Во списокот не се наоѓа Цветан Кузманоски, па на позицијата лево крило ќе игра Петар Атанасијевиќ, а во тимот се повикани тројца голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ.

Составот на Македонија за ЕП 2024:

– Никола Митревски (капитен), Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons