(Фото) „Убијци за профит“ – народ се собра пред Владата по скандалот со кражба на лекови на Онкологија, се бараат оставки

„Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“. Со вакви транспаренти толпа демонстранти се собраа денес пред Владата на протест по скандалот со кражба на лекови на Онкологија.

Пред владината зграда се скандира „крадци, убијци“, а се бараат и оставки.

Меѓу присутните има и лекари, кои дојдоа да го искажат својот револт.

Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.

Организаторите на протестот најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

Од Владата демонстрантите ќе се упатат кон Министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons