(Фото) СТРАОТНА НЕСРЕЌА: 28 годишна девојка изгоре жива во своето Audi откако заспала на волан на пат во Германија 

Во тешка сообраќајна несреќа во Scharbeutz (Schleswig-Holstein) во четвртокот наутро загина 28-годишна девојка, која го управувала своето Audi Q8. По несреќата таа останала заробена во запаленото возило и немала шанси да преживее, соопшти полицијата.

Според полициското соопштение, несреќата се случила во 5:15 часот на патот Б432 во близина на балтичкото одморалиште Scharbeutz (Schleswig-Holstein).

Патот бил влажен, а жената изгубила контрола над возилото и со своето „Audi“ удрила во „Hyundai“, чиј возач чекал на црвено светло во реонот на градилиштето. Автомобилот Hyundai потоа удрил во VW Touran кој исто така бил во мирување. Аудито се превртело и се запалило.

Нејасно е зошто девојката која го управувала Audi Q8 не ги видела возилата како стојат на патот. Полицијата претпоставува дека таа заспала на неколку секунди. Државното правобранителство ангажирало експерти кои треба да го утврдат ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons