ФЗО: Работи системот, почна исплатата на боледување, породилно и рефундирање 

Скоро сите модули на ФЗОРСМ се ставени во функција. ИТ експерти ќе ги финализираат процесите и функционалностите, а со тоа ќе започне и исплатата на боледување, породилно и разни рефундации.

– Во текот на утрешниот ден и в среда се очекува осигурениците етапно да ги добијат средствата на сметките. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањето кое беше внесено до 5 февруари 2023 година – појаснуваат од Фондот.

Од таму додаваат дека податоците за боледување доставени по овој датум ќе почнат да се внесуваат во Подрачните служби и да се внесуваат во редовниот платен систем.

– Во тек е и враќање на системот ДСГ (кој е систем за евидентирање на болничките услуги), за што јавноста ќе биде во догледно време информирана. ФЗОРСМ ви се заблагодарува уште еднаш за трпението и разбирањето. Фондот ќе поднесе извештај во текот на денот, за сите информации – стои во соопштението на ФЗОРСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons