ФАТЕН ПРИЈАВУВАЧОТ: Лажните дојави за бомби во црногорските училишта ги праќал малолетник од Чешка

Малолетен државјанин на Чешка испраќал лажни пријави за поставени бомби во училишта и други црногорски институции, соопшти денеска Управата на полицијата.

Според пријавата, малолетникот не е поврзан со Црна Гора, а делото е извршено од територијата на Чешка.

Црногорската полициска управа им се заблагодари на сите меѓународни партнери што на различни начини помогнале да се постигнат вакви резултати, а особено во овој случај чешката полиција и чешката амбасада во Црна Гора, кои, како што се наведува, дејствувале брзо и ефикасно.

Полициската управа потсетува дека во последните шест месеци имало десет лажни дојави за бомби во училишта и други институции.

„Поголем дел од тие случаи се решени со идентификувани сторители или форензички, односно оперативни податоци преку кои може да се дојде до сторителот во наредниот период. Со загриженост укажуваме дека се работи првенствено за малолетни лица, а имаше случаи и кога лицата биле помлади и од 14-годишна возраст“, се наведува меѓу другото во полициското соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons