Или исплата на триесет проценти на плата или затворање на граничните премини 

Предупредувачки протест на вработени во Царинска управа, најавија денеска од Синдикатот на УПОЗ. Протестот ќе се одржи во петок од 12 до 12:30 часот. 

„Вработените во Царинска управа веќе со години наназад, иако имаат право согласно закон и колективен договор за исплата на триесет проценти на плата, тој додаток никако не го добиваат“, појасни претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека доколку се нема слух за барањето, протестите за предупредување ќе се радикализираат, се размислува и за затворање на гранични премини и најави дека ова ќе биде првиот од протестите што ќе следат и во други институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons