УХМР со метео аларм и за денеска: Се најавува ново невреме во делови од државата
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска споделија нов метео аларм.
Од УХМР за денеска најавија дека ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има и услови за невреме со појава на град.
Исто така, ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, со јачина од над 60 километри на час.
Споделија и карта за преглед по региони.




