УХМР прогнозира нормализирање на водостоите

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно податоците од УХМР, информира дека се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но сѐ уште треба да се внимава. Неопходно е внимателно движење покрај реките и суводолиците заради досегашни видливи и невидливи оштетување на патиштата од досегашните порои, а поткопани се и бреговите на реките. Потробно е да се внимава и на одрони.

УХМР информира дека сѐ уште е значително висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, а очекувано зголемен е водостојот на реката на низводните профили во Велес и Демир Капија. Во Скопје пикот на реката е забележан во 1 час по полноќ и изнесуваше H=195 sm, а изутринава веќе бележи намалување за 20 сантиметри. 

До крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на Вардар во горниот дел од нејзиното течение, додека во средниот и долниот дел од течението ќе има зголемување на водостојот. Утринава е регистриран минимален зголемен водостој на реката Лепенец.

Сите останати водостои низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден. Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons