Утре почнува нова школска година со стари проблеми и предизвици 

Уште една учебна година, со стари проблеми уште од самиот почеток. Учебната година ќе започне утре, на први септември, иако наставниците се уште се незадоволни поради ниските плати. Министерот за образование Шаќири најави интензивни разговори со СОНК  за да се надмине овој проблем, но проблемот со учебниците и натаму останува.

Шестодделенците ќе ја започнат годината без учебници бидејќи тие се уште не се одобрени, а ќе се доцни и со учебниците на третоодделенците, кои иако одобрени, се уште се во фаза на печатење.

Во меѓувреме, учениците и наставниците ќе работат со помошни материјали достапни во електронска форма. Шакири уверува дека ова брзо ќе се реши и вели дека не чувствува одговорност за доцнењето на учебниците.

– Не можам да имам одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење на учебник, тоа се завршува максимум како што е во законските рокови, додаде Шаќири.

Во однос на спојувањето предмети, министерот е дециден дека нема да биде загрозен фондот на часови на наставниците. Се работи за промени само за предметот општествени науки шесто одделние, посочи Шаќири.

Дискусијата, со новата концепција, се отвори по предметот Општествени науки, каде имаме спојување на предметите Историја, Географија, Граѓанско образование. Тоа се однесува само за шесто одделение.

– Поради реакциите јас побарав од Бирото за развој на образование да се подготви техничко решение за годишен фонд на часови на наставниците по Географија, затоа што во годишниот фонд не се само часовите во шесто, туку и седмо, осмо, деветто одделение каде што имаат Географија. Тој е ист како и претходната учебна година што значи дека ќе нема проблем со фондот на часови, одговори Шаќири.

Новина година е и воведувањето пролетен распуст во периодот од 29 април до 5 мај, поради што учебната година ке трае до 17 јуни. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons