Украинците тврдат: Русија им вели на војниците дека војната мора да заврши до 9 мај 

Русија на своите војници им вели дека војната мора да заврши до 9 мај, на денот кога Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во исто време, британското Министерство за одбрана во својот најнов извештај наведува дека борбените сили на Украина извршиле напади врз важни цели во областите што моментално ги држат Русите.

Според Министерството, некои од целите вклучуваат десантен брод и складишта за муниција во Бердјанск, пристаништен град на југоистокот.

Исто така, се посочува дека Украина продолжила со ракетирање на логистичките објекти во областите под руска контрола, а тоа значи дека руската армија ќе мора да размислува за одбрана на синџирот на снабдување.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons