Украински бегалци сместени во Бугарија планираат да дојдат во Македонија 

Дел од украинските бегалци кои моментално се наоѓаат во соседна Бугарија, имаат желба да дојдат во Македонија, дознава „Фокус“.

Според информациите, во нашиот источен сосед има над 100 илјади бегалци од војната во Украина, кои се сместени во воени шатори. Сепак, тие не се задоволни од третманот на тамошните власти, но и локалното население не ги прифатило на најдобар начин.

Нашите информации говорат дека околу 10 илјади бегалци изразиле желба да дојдат во нашата земја, која веќе има примено над 1.000 украински бегалци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons