Снемува дрва за греење 

Побарувачката за огревно дрво расте, но на пазарот снемува дрва за продажба. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Валентин Груевски вели дека ќе можат да излезат само во пресрет на барањата на физичките и правните лица кои доставиле барања за дрва до 31 март. Прашан дали ќе има доволно дрва за другите, директорот вели дека се надева оти ќе може да се најде решение со оние кои имаат приватни шуми.

Според него, во текот на овој месец ќе се зголеми и цената за еден кубик поради поскапувањето на дизелот.

Граѓаните кои изминатите години од шпорети на дрва се префрлија на греење со пелети и инвертери, сега не се двоумат да кажат дека ќе им се вратат на дрвата.

„Ќе се грееме на дрва. Сега поскапе струјата, џабе ставаме инвертери“…

„Не знаеме. Струјата поскапе, дрвата поскапеа, под 4 илјади денари не можеш да најдеш. Се греам со клима, но не грее доволно“…

„Веќе купив, бидејќи што порано купуваш, толку поевтино ќе ги најдеш“, рекоа граѓаните.

На еден од плацовите за продажба на огревно дрво во Бутел, зад камерата нè информираа дека покрај нивните редовни клиенти, дрва бараат и други. На локацијата што ја посетивме ни беше кажано дека буково дрво во моментов нема. Сегашната цена на дабот е 2.970 денари за кубик, а буката е 100 денари поевтина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons