Актуелно

Украина по експресна постапка доби кандидатски статус од ЕК, 17 години по Македонија 

Европската комисија предложи кандидатски статус на Украина за членство во Европската унија, објави претседателката на телото Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека тоа имплицира посветеност на земјата на серија реформи.

„Украина јасно ја покажа својата аспирација да стане членка и решеност да ги прифати европските вредности и стандарди“, изјави Фон дер Лајен за новинарите во Брисел.

Изјавата ја даде претседателката на ЕК облечен во боите на украинското знаме, жолта и сина.

Никогаш во историјата на Европската унија не е постигнато мислење за толку кратко време од денот на поднесување на кандидатурата, а преседанот го предизвика руската инвазија на Украина.

Париз, Берлин и Рим побараа Украина да добие официјален кандидатски статус „веднаш“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот во Киев, каде што пристигна со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

Киев ја поднесе својата кандидатура по почетокот на руската агресија на 24 февруари и оттогаш украинскиот претседател Володимир Зеленски не престанува да ја повикува ЕУ да докаже „дека зборовите на Брисел за припадноста на украинскиот народ кон европското семејство не се залудни“.https://tas-mk.toboads.com/ads.php?b=1&rq=b5645f54-1f6e-33fd-b074-b1e2fa742c51&vt=415ed247-5a37-4312-b11d-d77d10674cd7&isf=false&zn=6e0ce682e&tm=0&af=320×0&fv=undefined&nw=0&co=1&vh=706&vw=414&asc=0&srf=https%3A%2F%2Fwww.faktor.mk%2Fukraina-po-ekspresna-postapka-dobi-kandidatski-status-od-ek-17-godini-po-makedonija&rf=https%3A%2F%2Fwww.faktor.mk%2F&loc=eq-srf&rn=c2e44876-f848-3558-98e2-6d5432620851&ct=778d442d-e8ee-0ad4-fe64-59d513ee3b2c&c=hA_c_0_bc9246b6&ah=0&L=5733b597-591e-48a6-bf91-b58743814881&afs=undefined&sck=2b1076b4f849aed7e8234e41443078a1b00f1ea7&

Сепак, овој процес одзема многу време и земјата кандидат треба да исполни голем број политички и економски критериуми (демократија, владеење на правото, заштита на малцинствата, одржлива пазарна економија) и да го вклучи европското право во своето законодавство.

Инаку, извештајот за 2021 година, невладината организација „Транспаренси интернешнал“ ја рангираше Украина на 122 место од 180. Ова е сепак подобро отколку во 2014 година, кога земјата беше на 142 место.

Доделувањето на кандидатски статус е почеток на долг процес во кој Комисијата воспоставува „претпристапна стратегија“, програма за поддршка за спроведување на потребните реформи за интеграција, со финансиска помош.

Пет земји веќе имаат официјален кандидатски статус: Турција од 1999 година, иако процесот денес е замрзнат; Македонија од 2005 година, Црна Гора од 2010 година, Србија од 2012 година и Албанија од 2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons