Преку 30 награди за македонски вина на еден од најпознатите вински натпревари во светот 

Повеќе од 30 награди за македонски вина на Decanter World Wine Awards 2022 – еден од најпознатите и највлијателни вински натпревари во светот, каде вината се оценуваат од врвни вински експерти од целиот свет.

Како дел од наградените винарии се среќаваат: винарница Тиквеш, винарница Далвина, винарница Венец, винарница Пуклавец, винарница Камник. 

Многубројните награди за македонските вина се показател за квалитетот на вината и врвните способности и вложениот труд на македонските производители на вино. Тие претставуваат огромно признание и дополнителен поттик.

Македонските винарници освоија еден платинест медал, четири златни медали, пет сребрени медали и 21 бронзен медал.

Платинест медал освои виното Мерак од винарија Тиквеш, а четири златни медали освоија вината: Барово црвено од винарница Тиквеш, 56 Резерва од винарница Венец, Хермес Каберне Совињон и Ар-Магедон Куве Барик од винарница Далвина. Медали освоија и вината: Куве Де Престиж од винарница Камник, Инстинкт Вранец од винарница Пуклавец, Кориа Темјаника од винарница Венец, Шардоне Домен Лепово од винарница Тиквеш.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons