ТУРИСТИТЕ НАВАЛИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – Во првите три месеци од годината раст над 45 отсто

Бројот на туристите во март 2022 година изнесува 39.786, од кои 43,1 отсто се домашни туристи, а 56,9 проценти се странски туристи, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во март 2022 година изнесува 87.074, од кои 44,1 отсто се од домашните туристи, а 55,9 проценти од странските туристи. 

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 45,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 21 процент, а кај странските зголемувањето е за 79,5 отсто. 

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 41,6 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 22,2 отсто, а кај странските зголемувањето е за 67 проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат оти најголем број на туристи кои ја посетиле Македонија во месец март се од Труција, а веднаш позади нив по бројноста се туристите од соседна Србија. Меѓу топ пет земји од каде има најголем број туристи се и останатите соседи или Грција, Косово и Албанија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons